Топ 15 модни трендови – пролет/лето 2013
Првите пролетни денови сигнализираат дека е време за освежување на стилот. Нè очекува геометриска модна сезона, исполнета со риги, принт кој имитира шаховска табла и точкести дезени. Пред нас е сезона која ја прославува женственоста преку цветни креации, чипка, развеани модели, ориенталски мотиви, проѕирни панели и лесни како пердув материјали. Започнува модна сезона ослободена од правила и обвиена во привлечноста на едноставноста.
РИГИ МАНИЈА

Ригите експлозивно се наметнаа како тренд кој едноставно нема да можете да го заобиколите. Хоризонтални, вертикални или дијагонални, црно-бели, морнарски или разнобојни, широки или тесни... не се ограничувајте.
Риги манијата се распространи на блузи, кошули, панталони, здолништа, фустани и модни додатоци, па слободно грабнете го омиленото модно парче со штрафти и не се двоумете дали да го искористите во топлите денови. Сепак, важно е да ги изберете вистинските риги за вас, затоа што овој тренд крие ризик од позаоблен изглед на телото. Судирањето на различни риги е нов начин за носење на трендот. Така, нема да погрешите ако носите блуза со хоризонтални, а здолниште со вертикални риги.
Изработила:Ева Ивановска бр7
No comments:
Post a Comment